Џесика Честејн го спојлуваше „делчето“ од новиот филм “It” – оној најкрвавиот.
Продолжението на хорор филмот според романот “It” на Стивен Кинг доаѓа наскоро во кината. Го гледавме „Клуб на губитници“, а сега повторно се сретнуваме – речиси три децении подоцна.
Кога Пенивајз се враќа …
Една од улогите и припаѓа на Џесика Честејн, која при гостувањето во шоуто на Џими Фелон, реши да открие „нешто“ од филмот.
„Мислам дека ќе бидам во неволја поради ова, но ќе речам: Снимивме сцена за која што работниците на сетот рекоа дека е најкрвавата сцена од сите крвави сцени во хорор филмовите. Верувајте, дури утредента успеав да ја измијам крвта од моите очи“.
Додека ја чекате „рекордно крвавата“ сцена, погледнете го трејлерот: