Летото е прекрасна сезона за венчавка, но со себе носи повеќе проблеми.
ПОТЕЊЕ
Невестата мора да ја има во предвид долгата изложеност на сонце и топлина. Лесен фустан, фиксатор за шминка и чадор од тантела решаваат половина од проблемите. Останува заштитен крем кој мора да го нанесете на рамениците, за да не ви изгорат, део крем кој ќе го замени дезодорансот – затоа што дезодорансите оставаат траги, имаат помал ефект и се мешаат со мирисот на парфемот.
ФОТОГРАФИРАЊЕ
Осигурете се првото фотографирање на младенците да биде пред 11 часот или по 16 часот. Светлина во тоа време од денот е подеднакво силна и ќе се избегнат испотени лица и расипани фризури.
ГОСТИ
За гостите, како подарок, оставете ладалки на местото на седење. Секој ќе ги искористи и ќе остане убав спомен. Овој подарок може да биде скромен, но ако имате малку поголем буџет, можете врз нив да испечатите порака од вашата венчавка.
ПОСЛУЖУВАЊЕ
Ако планирате летна свадба, овошните безалкохолни коктели и свежото овошје мора да се најдат на вашето мени. Можете исто така да побарате од угостителите да им понудат на гостите изладена вода за време на церемонијата.