Ова се основните правила при избор.
Ако сакате совршени трепки, тие секако не можат да бидат такви, ако не направите добар избор на маскара.
Понудата на пазарот е толку широка: маскари со различни форми на четки, маскари со различен хемиски состав и ефекти.
Дека добра маскара е еден од основните предуслови за квалитетна шминка, велат врвните експерти во оваа област. Еве на што треба да внимавате при изборот:
- Како да препознаете добра четка за маскара
Кај маскарата, поважен е изгледот на четката од самата содржина на маскарата, бидејќи козметичките компании ги патентираат формите на четките, а не формулата на маскарата.
Општо правило е: колку четкичките на апликаторот се поблиску, ќе нанесете подебел слој на маскара, а доколку четкичките на апликаторот се подолги, нанесениот слој на маскара ќе изгледа поприродно, бидејќи подобро ќе ги раздвои и дефинира трепките.
- Дали е подобро да се избере обична или водоотпорна маскара?
Ако имате дилема дали да купите обична или водоотпорна маскара, имајте на ум дека обичните маскари полесно се отстрануваат на крајот на денот.
