Bridal

Венчаница за која сонуваат три милиони жени

Секоја девојка, од раното детство, замислува дека на денот на својата венчавка ќе ги засени сите со својата венчаница во која ќе се чувствува како принцеза.

Вообичаено, кога ќе почнат подготовките, инспирацијата за изборот на венчаница ја наоѓаме во разни списанија или на социјалните мрежи, а еден фустан го привлече вниманието на многу жени.

Дури три милиони девојки, посакаа да го носат фустанот од австралискиот бренд “Grace love slace” на денот на својата венчавка. Овој уникатен фустан “Hollie 2.0” е направен од италијанска свила и француска чипка. Инспириран е од стилот на „божиците“.

Чипката е прикачена на телото, а лентите од шифон се движат при одење и нежно го откриваат телото. Цената на овој фустан се движи помеѓу $1,900 и $2,200, а креаторите го препорачуваат за венчавки на егзотични дестинации.

Напиши коментар