Дестинации

Венеција ќе биде уште поскапa

Со новиот данок од 10 евра се „погодени“ околу 15 милиони туристи кои секоја година ја посетуваат Венеција, но не се задржуваат подолго од еден ден.

Тоа е … 15 милиони пати по 10 евра.

Веќе со векови луѓето ја посетуваат Венеција, прекрасниот италијански град, за да ги видат познатите канали врз кои лежи. А сега оваа посета ќе стане малку поскапа во веќе скапиот град.

Со мерката превземена од страна на градските власти на Венеција, која веќе е одобрена од страна на италијанската влада, предвидено е наплатување на данок од 10 евра за туристите кои имаат намера да го посетат градот на еден ден, доколку не преноќуваат, пишува „Телеграф“.

Новите мерки, во градскиот буџет, ќе донесат милиони евра, што би требало да го „смири“ локалното население на кое тие „дневни туристи“, им одат на нерви, бидејќи прават неред, притоа не оставајќи премногу пари во локалните кафулиња, ресторани и продавници за сувенири.

Градските власти на Венеција проценуваат дека од 24 милиони туристи кои го посетуваат градот секоја година, околу 15 милиони се оние кои доаѓаат на „дневна турнеја“.

Точниот износ на надоместоците во одредени случаи сеуште не е утврден, но ќе биде помеѓу 2,5 и 10 евра, во зависност од тоа дали туристите доаѓаат во Венеција, во екот на сезоната, надвор од сезоната, и слично. Предвидено е од плаќањата да бидат ослободени студентите, бизнисмените и граѓаните на Италија.

Ах, да … Италијанците мислеа и на оние кои ќе се обидат да го „надмудрат“ новиот правилник,па веќе се знае дека оние кои ќе се обидат да ја посетат Венеција без да платат надомест, ќе бидат казнети со парична казна од 450 евра.

Парите собрани од туристичките даноци ќе се искористат за тоа да му се помогне на градот кој полека тоне во лагуната да се заштити.

„Не сакаме само да заработиме“, вели градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро. „Само сакаме да го контролираме приливот на туристи. Не би сакале Венеција да стане тематски парк.“

Напиши коментар