Ако сте мотивирани нема да имате проблеми со следењето на планот за вежбање.
– Најдете партнер –
Ако имате некој со кој ќе вежбате, ќе бидете поконзистентни.
– Поставете цели –
За да успеете треба да знаете што е вашата цел? Да го поправите здравјето? Да ослабите? Да изгубите килограми? Да ги намалите болките во грбот?
– Варирајте –
Не влегувајте во рутина и не правете ги вежбите рефлексно, како машина.
– Пробајте нешто ново –
Зошто да не се обидете да играте сквош? Или да се качувате по карпа? Или да прескокнувате јаже?
– Купете нова справа –
Нема ништо постимулирачко од нова играчка.
– Фокусирајте се на чувството –
Фокусирајте се на позитивно чувство за време на вежбањето. Како се чувствувате после?
– Направете пауза –
Повремено одморете се од вежбањето за да и се вратите на вашата вежба одморени.
– Бидете добри кон себе –
Ако ја постигнете целта, наградете се.
– Забележувајте –
Секој ден забележувајте што правите и колку долго.
– Музика –
Кога вежбате, слушајте ја омилената музика.