Како што старееме, рацете постепено го губат тонусот и стануваат полабави, а со самото тоа и се помалку привлечни.
Овој проблем ги мачи повеќето жени, а во овој текст ви откриваме практично решение!
Добро познатата фитнес-блогерка Натали Џил подготви програма на вежби наменета за жените во средни години кои имаат проблем со опуштени мускули на трицепсите.
Програмата на Натали вклучува четири вежби кои се изведуваат со помош на сопствената тежина.
Значи, не ви требаат никакви тегови, ниту теретана, потпрете се на своето тело и тоа ќе ви помогне да ги обликувате рацете до совршенство.
Исто така, важно е дека целото тело „работи“ за време на овие вежби за да ги активирате сите мускули.
Натали верува дека овој тип на вежби е најдобар начин да се решите од проблемот на опуштени раце.
Во следното видео, видете што подготвила Натали за вас.