Тренинг, вежбање, болка, пот … но кога конечно ќе почнеме да тренираме, често се прашуваме колку често треба да вежбаме за да постигнеме некои поставени цели, без разлика дали се работи за зголемување на мускулната маса или губитокот на килограми.
Но, што да направиме ако сакаме да ја задржиме моменталната тежина и облик на телото? Колку често треба да тренираме во овие ситуации?
„Најчесто, сите оние кои редовно тренираат, ја одржуваат својата регуларна тежина. Но, не постои точен и докажан број на денови кога треба да тренирате. Мое мислење е дека вежбањето три до четири пати неделно е сосема доволно“, вели научникот и докторка Фатима Коди Стенфорд, како што пишува порталот Popsugar.
„Се разбира, редовната и здрава исхрана е клучот за сè. Ако сте задоволни со вашиот изглед и исхрана, навистина нема потреба да менувате ништо“, заклучи таа.
Стенфорд, исто така, препорача да се внесат кардио вежбите во програмите за вежбање и нивна комбинација со тежинските вежби.
Покрај тоа, таа додаде дека секој треба да ја практикува јогата што помага во исфрлување на стресот и подобрување на стилот на тренинг.