Motherhood

Видео-игрите повеќе им штетат на девојчињата

Анализата на истражувачите покажа дека времето поминато со видео игрите за момчињата не создаде проблеми во социјалниот развој, додека нивните врснички имале помалку развиени социјални вештини.

Девојчињата кои играат видео-игри потешко стекнуваат пријатели на подоцнежна возраст во споредба со момчињата, покажаа резултатите од една студија.

Американски и норвешки истражувачи анализирале 870 деца, на возраст меѓу 6 и 12 години, и дошле до заклучок дека времето поминато со видео- игрите, на момчињата, не им создало проблем во општествениот развој, додека нивните врснички имаат помалку развиени социјални вештини.

Тие, исто така, ги проучувале разликите во однесувањето, во зависност од тоа дали децата играат игри сами, со непознати или во друштво на пријатели.

Оние што играле сами, имале помалку шанси да воспостават важни односи во животот.

Исто така, девојчињата кои имале проблем со дебелина повеќе поминувале време во играње, исто како и децата кои немале многу пријатели и биле помалку прифатени во општеството.

Напиши коментар