Мојата кујна

Вкусни корпички со сирење

Тие се идеални за појадок, а лесно се подготвуваат.

Мафините се многу популарни ширум светот и можете да ги направите како солена опција. Еве еден таков рецепт.

Состојки:

Две чаши брашно

Две лажички прашок за пециво

Половина лажичка сода бикарбона

Една четвртина лажичка сол

Лажичка шеќер

Чаша рендано чедар сирење (или некое друго топливо сирење)

Половина чаша свеж магдонос

Едно поголемо јајце

Две лажици масло

Чаша и пол млеко

Подготовка:

Во поголем сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбона, бибер и шеќер и добро измешајте. Потоа додадете рендано чедар сирење и измешајте.

Потоа во мешавината додадете јајце, масло и млеко, магдонос и мешајте додека не се соедини се.

Подмачкајте го калапот за мафини со масло и истурете ја мешавината. Се печат околу 25 до 30 минути.

Напиши коментар