Мојата кујна

Вкусни триаголници со мармелад

Десерт во кој ќе уживате!

Еве како да подготвите триаголници со мармелад што ќе ја засити вшата желба за слатко.

Состојки:

230 грама путер (треба да омекне на собна температура)

220 грама крем сирење (треба да омекне на собна температура)

300 грама брашно

Чаша мармелад по желба

Подготовка:

Во голем сад изматете го путерот и крем сирењето, додека смесата не стане воздушеста и мазна. Постепено додадете брашно и добро измешајте се заедно.

Покријте го тестото и оставете го околу половина час во фрижидерот.

Развлечете го тестото на набрашнета површина и исечете го на триаголници со саканата големина.

Потоа нанесете мармелад во средината на секој триаголник, па рабовите премачкајте ги со вода, а потоа свиткајте ги навнатре, притискајќи го тестото на сите агли за да се залепи.

Наредете ги тријаголниците на тепсија обложена со хартија за печење, потоа печете на 180 степени 12-15 минути или додека рабовите на тријаголниците не добијат кафеавкаста нијанса.

Оставете ги да се изладат и послужете ги.

Напиши коментар