Мојата кујна

Вкусни залчиња: Како да ја направите најсовршената пикантна паста al’arrabiata?

Гастро експертите велат дека помалку е секогаш повеќе. Затоа решивме да се фокусираме на магијата на само едно залче. Едноставно, здраво и вкусно.

Состојки:

25 гр домашни шпагети

20 гр шери домати

1/2 чешње лук, ситно сецкан

Прстофат сол

Прстофат бибер

Малку магдонос

½ лажичка ситен пармезан

1 лажичка маслиново масло

Подготовка:

Ставете маслиново масло во тавче и пржете го лукот на температура која не надминува 180 степени неколку минути. Додадете шери, а по 2 минути бибер, сол и босилек.

По 7 минути, доматот би требало да стане потполно кашест, што значи дека е време да ја додадете варената тестенина. Соединете ја со сосот, промешајте неколку пати и напрскајте со пармезан за уште поголемо уживање. Препуштете се на вкусот.

Напиши коментар