Здраво тело

ВНИМАНИЕ! Пред да ги зготвите, јајцата не треба да се мијат

Пред да ги зготвите, јајцата никако не треба да се мијат – дури и оние кои се домашни на кои може да има кал или пердуви, но и индустриските.

Нутриционистите предупредуваат дека миењето на јајцата може да влијае на ширењето на бактериите.

„Ако го измиете јајцето пред да го зготвите, водата може да ги  „втурне“ бактериите во јајцето – бидејќи неговата обвивка е порозна, велат експертите.

Тие велат дека ова е особено точно ако користите ладна или проточна вода.

Експертите признаваат дека постои можност бактериите да се формираат на површината на јајцето, но со миење само ќе ги влошите работите.

Write A Comment