Пред да ги зготвите, јајцата никако не треба да се мијат – дури и оние кои се домашни на кои може да има кал или пердуви, но и индустриските.
Нутриционистите предупредуваат дека миењето на јајцата може да влијае на ширењето на бактериите.
„Ако го измиете јајцето пред да го зготвите, водата може да ги „втурне“ бактериите во јајцето – бидејќи неговата обвивка е порозна, велат експертите.
Тие велат дека ова е особено точно ако користите ладна или проточна вода.
Експертите признаваат дека постои можност бактериите да се формираат на површината на јајцето, но со миење само ќе ги влошите работите.