Новости

Во Домот на славните се примени Radiohead, Janet Jackson, The Cure…

Бендовите Radiohead, The Cure, Def Leppard и пејачката Џенет Џексон и Стиви Никс беа примени во Домот на славните рокенрол ѕвезди.

Стиви Никс стана првата жена која двапати е примена во Куќата на славните, откако претходно стана член, како дел од групата “Fleetwood Mac”.

Таа ги охрабри жените кои се дел од бенд да се бават и со соло проекти.

Џенет Џексон му се заблагодари на своето семејство и изјави колку била горда кога нејзините браќа, како “Jackson 5”, беа примени во 1997 година.

Церемонијата ја затвори свирката на “Def Leppard”, а пејачот Џо Елиот зборуваше во говорот за огромното минато на бендот.

“Ако алкохолизам, сообраќајни незгоди и рак не можеа да нè убијат, деведесеттите немаа шанса”, рече тој.

Покрај нив во Hall of Fame влегоа и “the Zombies” и “Roxy Music”.

Напиши коментар