← НАЗАД НА БОЗА

Вообичаени трикови за ограбување на туристи

Вообичаени трикови за ограбување на туристи
128 Читања

Еве како туристите можат да настрадаат во различни земји.

Постојат неколку универзални правила кон кои туристите треба да се придржуваат со цел да се заштитат од крадците кои се подготвени на различни трикови за да им ги одземат вредните работи.

Во Кина е многу популарен трикот кога кинескињите ги викаат туристите на кафе и нагласуваат дека така се обидуваат да им помогнат подобро да се снајдат и да ги научат основите на јазикот, а потоа се здружуваат со други луѓе и им ги крадат телефоните, паричниците и накитот.

Во Кина, возможно е и да се наиде на лажни автобуски станици поставени од страна на дивите таксисти, на кои не застанува ниту еден автобус, а целта на поставување на таква станица е туристите да се изначекаат, и најпосле да застанат такси кое ќе им наплати двојно повеќе отколку обично такси.

Во Турција се случува да им понудат на туристите чистење на чевли на улица, и ако се согласите бараат големи суми на пари за чистењето, а ако немате колку што бараат, тие ве напаѓаат и ви ги земаат чевлите.

Во Шпанија, познат е грабежот по хотелите, каде што двајца мажи облечени како полицајци бараат да ја пребараат вашата соба, а потоа едниот зборува со гостинот, додека другиот краде.

Во Бразил пак, девојките намерно го истураат пијалокот по мажите и додека тие се исчистат и снајдат тие ги крадат вредните работи од нивните џебови или од масата.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk