Внимателно и имагинативно дизајнирани како најдоброто парче мебел, често монументални, лустерите можат да претставуваат главна фигура во просторот.
Дизајнерите на ентериер одлучија повторно да ги стават лустерите во центарот на случувањата, односно на таваните.
Пред неколку години срамежливо почнаа да ѕиркаат од минатото, за денес речиси целосно да ги фрлат во сенка плафоњерките и вградените светла од актуелниот тренд за уредување на просторот за живеење.
Внимателно и имагинативно дизајнирани како најдобрите парчиња мебел, често монументални, тие можат да претставуваат главна фигура во просторот, вртејќи го вниманието кон себе со изразен сјај, но, исто така, и со деталите.
Постојат различни форми, од оние кои се составени о форма на грозд, како светилки, преку се повеќе популарните „обични“ светилки во стаклени топки, потоа раскошни, со синџири поврзани кристали и стакленца, и оние кои личат на цвеќиња или разгранети свеќници.
За љубителите на ловот наидовме на едно интересно решение – лустер направен од стилизирани, вкрстени рогови од елен, со светилки во средината, додека оние кои имаат тенденција кон апстрактните форми, светлината можат да ја „затворат“ во невообичаени „вцеленски“ или форми како од бајка.
Но, не треба се грижите доколку сте љубител на дифузната светлина, затоа што може да бидете во тренд така што ќе ја осветлите собата со повеќе лустери со различни големини, каде што саканиот интензитет на осветленост ќе ја прилагодите со потенциометар.
Значи, ако некаде имате зачуван стар лустер, тргнат бидејќи бил старомоден, само избришете ја прашина од него и нека блесне во нов сјај во вашиот дом.