Motherhood

Времето инвестирано во децата е добро инвестирано време

Научните истражувања покажаа дека колку татковците вложуваат повеќе напор и време во воспитувањето на децата, толку децата се попаметни и поуспешни кога растат.

„Не се работи само за тоа дека таткото треба да биде тука некаде до детето, туку за квалитетот на времето поминато заедно“, вели Daniel Nettle, психолог од Универзитетот во Newcastle, кој направил студија која се темели на истражување спроведено врз повеќе од 10.000 деца.

Според неговата анализа, покрај другите фактори, времето игра најважна улога.

Децата кои поминуваат повеќе време со нивните татковци до 11 години имаат повисок коефициент на интелигенција од децата кои помалку се социјализираат со нивните татковци.

„Овде не се работи за занемарливи факти, туку неколку IQ поени“, вели Daniel Nettle.

Тој, исто така, откри дека високообразованите и успешни татковци имаат поголемо влијание врз нивните деца и ако се доволно посветени и нивните деца се поуспешни.

Напиши коментар