Мојата кујна

Waldorf салата

Лесна салата со мешавина од овошје, ореви и превкусен дресинг!

Состојки:

– половина iceberg салата

– малку француски целер

– чешне лук

– 1 големо јаболко

– 100 мл неутрална павлака

– 100 гр мајонез

– 100 гр јогурт

– сок од половина лимон

– 50 гр пармезан

– 50 гр ореви

– сол и бибер

Исецкајте ја салатата и целерот. Измешајте ги сите состојки, но полека да не ја згмечите салатата. Измешајте го исецканиот лук, мајонез, јогурт и неутрална павлака за да стане кремаст дресинг. Додајте сок од лимон, сол и бибер, и на крајот пармезан. Уште малку измешајте за да се соедини се.

Истурете го дресингот преку салата, па полека измешајте се заедно. На крајот, исецкајте го јаболкото и додадете го во мешавината, а на крај посипете со ореви.

Наместо јаболко, ставете грозје за уште подобар вкус!

Пријатно!

Напиши коментар