Секој кој барем еднаш ги искусил последиците од прекумерната консумација на алкохол, добро знае колку е непривлечен мамурлукот.
Најчесто утрото потоа имате желба за брза храна или шеќер, а тоа е сосема погрешно.
Според истражувањето на Џорџ Мејсон, решението е многу поедноставно.
„Поради алкохолот многу мокрите, што значи дека доаѓа до дехидрација, но телото покрај водата исто така губи многу минерали, вклучувајќи и калиум“, заклучуваат научниците кои предупредуваат дека е потребно да се посегне по банана.
„Телото има потреба од калиум за правилна функција на нервниот систем и мускулите. Недостатокот на гликоген како извор на енергија е клучен дел од чувството на слабост, замор и недостаток на координација следното утро“, наведуваат тие.
Затоа, ако им верувате на научниците, наместо да барате волшебен лек, следниот пат кога ќе се разбудите мамурни, изедете банана.