Убавина

За лице без брчки не секогаш ви требаат скапи креми – Применете ги овие неколку вежби и гледајте како се создава магија!

Против брчките, несаканите гласници на возраста, кремите и хируршките интервенции не се единственото решение.

Со одредени видови на мускулна гимнастика, исто така, може да се постигне многу. Ова е истовремено ефикасен начин за опуштање и пронаоѓање на внатрешен мир, велат експертите.

Со цел да се направат што е можно поефикасни вежби, тие треба да се прават дневно, наутро и навечер, во траење од пет минути.

* Против брчките помеѓу веѓите, стиснете ги веѓите шест секунди, како да се муртите, а по пауза од 10 секунди повторете ја вежбата.

* Растегнете ги усните со палците во насмевка на кловн, и со показалците притиснете ги надворешните делови од очите истовремено за да избегнете создавање нови брчки. Вежбата трае шест секунди, а потребни се 10 секунди пауза.

* Правете вежби со јазикот, наизменично испружете и вовлечете го јазикот против формирањето на подбрадок.

* За добра циркулација на крв, длабоко вдишете воздух и надујте ги образите, а потоа неколку пати префрлете го воздухот од една на друга страна на образите.

Напиши коментар