Bridal

За мајките на младенците: 6 топ совети за организирање на венчавката на детето

Планирањето на венчавката не е важно само за младенците – тука се и неколку совети за идните сваќи.
Веројатно сте горди, но исто така и возбудени затоа што се доближува денот кога вашето дете ќе го каже судбоносното „Да“.

Еве неколку корисни совети за подобра организација.

Разговарајте за буџетот
Доколку вие ќе превземете дел од трошоците, најпрво разговарајте со вашиот сопруг, а подоцна и со идните младенци, во врска со тоа со колкав буџет можете да учествувате. Поради добри односи во иднина, бидете отворени и искрени за тоа колку пари можете да им дадете.

Понудете помош
Веројатно и самите имате неколку идеи за свадбата, и претпоставуваме дека младенците ќе немаат многу време, па затоа понудете ја својата помош за организацијата.

Изберете соодветна облека
Веруваме дека ова не треба особено да го истакнеме. Доколку постои одредена тема на венчавката или правила за облекување на гостите, почитувајте ги.

Помогнете околу списокот на гости
Разговарајте со младенците за бројот на гостите и помогнете им околу распоредот за седење, бидејќи веројатно вие сте повеќе упатени од нив, кој со кој не е во добри односи во семејството.

Запознајте ги пријателите
Планирањето на свадбата е идеална можност да се запознаат пријателите на идниот зет или невеста.

Дадете им поддршка на младенците
Без оглед на тоа што можеби целосно не се согласувате со изборот на ресторан, музика, свадбен фустан или костум, дадете му поддршка на вашето дете, сепак ова е голем чекор за нив.

Секој ваш збор на поддршка сигурно ќе значи многу за нив.

Напиши коментар