← НАЗАД НА БОЗА

За оние кои немаат доволно време да тренираат: Обликувајте го целото тело за само 15 минути на ден

За оние кои немаат доволно време да тренираат: Обликувајте го целото тело за само 15 минути на ден
66 Читања

Со доаѓањето на топлите пролетни денови, време е да скокнеме во некои полесни и лелеави парчиња облека, но навидум едноставниот чин, понекогаш може да нанесе главоболка, што се должи на неколкуте екстра килограми.

Иако не е невообичаено во зима да ја преминеме границата на вагата над посакуваната, со доаѓањето на пролетта, ситуацијата се менува и најчесто се применуваат ригорозни диети кои завршуваат со прекумерна исцрпеност и откажување.

Она што треба да го направите за да ја загубите телесната тежина е, секако, промена или подобрување на исхраната со здрави намирници кои ќе го стимулираат вашиот метаболизам да работи побрзо. Но, најважно од се е вежбањето.

Брзиот начин на живот, кој се карактеризира со премногу обврски и премногу малку време обично е главната причина зошто не вежбаме.

Благодарение на бројните одлични програми и опции за вежбање, не треба да одделите онолку време колку што мислите.

Всушност, штом ќе почнете со здрава исхрана, време е за воведување на физичка активност за која не ви е потребна ни теретана ниту пак многу време, туку само 15 минути дневно.

Овој вид на тренинг е со висок интензитет, но ги согорува калориите, го зајакнува и движи телото, па не постои апсолутно никаква причина уште утре да не почнете со вежбање, а со цел да ви го олесниме почетокот, во продолжение издвоивме одлично видео.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk