Не мора да трошите големи суми на пари за нега на коса за да заблескате на свадбата.
Еве ги природните начини …
Сакате да ја осветлите вашата коса за неколку нијанси? Заштедете време и пари, кои се многу важни за вас во моментите на подготовката на венчавката, и осветлете ја косата во вашиот дом со природни состојки.
Камилица
Цветовите од камилица содржат апигенин – флавонска жолта боја, која дополнително ја осветлува косата.
Смирувачките својства на камилицата се одлични за чувствителната руса коса, а поради нејзините природни својства, косата ќе има интензивен сјај.
За да ја осветлите косата со камилица, прелејте 2-3 чаши цветови со половина литар врела вода и варете 15 минути.
Дозволете чајот да се олади половина час, а потоа процадете го и додадете сок од еден лимон и две лажици регенератор. нанесете ја смесата врз вашата коса и нека отстои половина час, па потоа исплакнете ја.
Сок од лимон
Исцадете лимон и измешајте го со ист сооднос на вода. Ставете ја смесата во шише со пумпа за полесно да ја нанесете.
Нанесете го лимонот и водата на измиена коса и излезете на сонце за да ви се исуши косата, а потоа измијте ја со млака вода.
Мед и дестилирана вода
Соодносот на мед и дестилирана вода треба да биде 1: 4, а најмалата количина на мед е 10 грама.
Според тоа колку долга е вашата коса, треба да процените колку мед ќе ви треба за оваа подготовка.
Во мешавината можете да додадете лажица цимет и кардамом во прав, како и лажица маслиново масло и оставете сето тоа да отстои барем еден час на собна температура.
За време на контактот на медот со дестилираната вода, се ослободува природен хидроксид, а циметот, кардамомот и маслиново масло го зголемуваат ефектот на ова соединение.
Откако мешавината ќе отстои, нанесете ја на косата и заврзете ја главата со стара крпа. Не треба да има остатоци од шампон на косата, ниту регенерато, а можете исто така да користите и капа за туширање.
Ако сакате омбре ефект, нанесете ја мешавината само на врвовите на косата, а ако барате природни прамени, користете четка за заби и третирајте само одредени области.
Имајте на ум дека потемната коса, на овој начин, ќе добие боја на карамел.