Загадувањето на воздухот убива повеќе луѓе годишно отколку пушењето, велат научниците, и бараат итни мерки за запирање на согорувањето на фосилните горива.
Истражувачите во Германија и Кипар открија дека загадувањето на воздухот предизвикало 8,8 милиони смртни случаи во 2015 година, што е речиси двојно повисоко отколку што претходно се проценувало, 4,5 милиони.
Според проценките на Светската здравствена организација, пушењето убива околу седум милиони луѓе годишно на глобално ниво.
Во Европа, која е главниот фокус на истражување на Европското здружение на кардиолози, загадувањето на воздухот е причината за смртта на околу 790.000 луѓе, од кои меѓу 40 и 80 проценти од кардиоваскуларни болести, како што се срцеви и мозочни удари.
„Имајќи в предвид дека честичките и други загадувачи на воздухот во Европа потекнуваат од согорувањето на фосилните горива, ние треба да се свртиме кон други извори за собирање на енергија“, вели еден од авторите на студијата, професорот Jos Lelieveld од Универзитетот Maks-Plank за хемија во Мајнц.
Тој додаде дека, кога во светот се користи чиста, обновлива енергија, тогаш тоа не само што ги исполнува одредбите од договорот во Париз за ублажување на последиците од климатските промени, но тоа може да го намали бројот на жртви од загадувањето на воздухот во Европа до 55 проценти.
Студијата, која е објавена во „Европското списание за болестите на срцето“, се фокусираше на озон и најмалите честички на загадувањето познат како PM2.5, кои се особено лоши за здравјето, бидејќи тие може да влезат во белите дробови и крвта.
Во светот, загадувањето на воздухот предизвикува 120 смртни случаи на 100.000 луѓе годишно, а во некои делови на Европа стапката е уште поголема и оди до 200 на 100.000.
Истражувачите велат дека ова значи дека загадувањето на воздухот предизвикува помалку смртни случаи годишно од пушењето, со оглед на тоа дека пушењето може да се избегне, а загадувањето на воздухот не може.