Или, поточно, за 11 минути … ќе ја поминете првата минута во лесно загревање, а потоа следат супер-ефикасните вежби!
Кратко, слатко и … хм, па добро, испотено, мораме да признаеме!
Од стотици и стотици вежби на Интернет, денес ние избравме за вас краток тренинг од колекцијата на HIIT (High Intensity Interval Training или, во превод, интервален тренинг со висок интензитет).
Сертифициран тренер Џесика Смит дава инструкции на англиски јазик, но и доколку не го разбирате јазикот, можете лесно да ги следите нејзините упатства.
Потребни се неколку квадрати простор и удобни чевли, а за десет минути енергетскиот биланс ќе биде послаб за 150 калории …
Потоа, опуштете се со некоја од јога позициите за почетници.