Motherhood

Зборовите што морате да им ги повторувате на своите ќерки додека растат

Иако ви се чини неверојатно, вашите девојчиња еден ден ќе пораснат во преубави, млади жени, кои храбро ќе чекорат кон своите соништа!

А за да ги подготвиме на овој начин, постојат  зборови на поддршка што треба да ги повторувате во текот на нивното растење.

Со цел храбро да се соочуваат со животот, тие мора да ги чујат следниве реченици:

  • Колку ѝ да е тешко, ќе помине

Понекогаш нивните проблеми ни изгледаат бесмислени, бидејќи нашите се неспоредливо поголеми, но тие тоа тешко го поднесуваат.

Затоа, многу е важно да им покажеме разбирање и да им објасниме дека секој тежок период ќе помине, и дека сè ќе биде полесно и подобро потоа!

  • Никој не може да ти го одземе твоето знаење

За да прерасне во успешна жена, вашата ќерка мора да научи дека знаењето што ќе го стекне е скапоцено, дека тоа ќе и значи многу во нејзиниот живот, и дека еден ден, благодарение на него, ќе ја работи работата за која фантазира.

Многу е важно на детето да му се развие свеста и интересот за учењето, со цел да се подготви на време, за образованието кое е дел од растењето и созревањето.

  • Верувам во тебе

Морате да и покажете дека верувате во неа, бидејќи тоа ќе биде посебен вид мотивација за неа!

Напиши коментар