Јаглехидратите веќе долго време се на листата на проблематични прехранбени производи, а на нивниот внес особено внимаваат оние кои сакаат да ги избалансираат хормоните и да ги симнат килограмите… се разбира, лоши се преработените јаглехидрати, попрецизно, белото брашно и производите направени од него.
Комплексните јагленохидрати, или, едноставно кажано, интегралните житарки се друга приказна, бидејќи нивна корист за организмот е голема, па треба да се консумираат секогаш, но во умерени количини.
Сепак, според мислењето на докторката и научник Amy Shab, жените треба да се раководат според нивниот менструален циклус, кога станува збор за јаглехидратите.
„Многу поголема толеранција за јаглехидрати, односно поголема чувствителност на инсулин имаме во фоликуларната фаза на менструалниот циклус, односно во периодот од нула до 14 дена. Во тоа време, можеме да јадеме јагленохидрати, дури и ако тие се лоши, бидејќи естрогенот помага да се регулира инсулинот“, објаснува д-р. Shab.
Повеќето жени ќе речат дека во овој период копнеат за слатка храна, грицки и друга нездрава храна, што се должи на хормоните.
Сепак, токму таа храна ќе го зголеми задржувањето на течностите во телото и ќе ве натера да се чувствувате полошо.
Значи следниот пат кога сте во ПМС потсетете се дека треба само да издржите неколку дена, а потоа, со почетокот на новиот циклус, без вина уживајте во јагленохидратите колку сакате.