Разиграјте го ентериерот!
Што имаат заедничко Jackie O., Margot Tenenbaum и Metropolitan Opera House? Секој ги обожава примероците на американската текстилна компанија Scalamandré!
Луксузни ткаенини и храбри дезени ги красеа сценографиите од филмовите на Вес Андерсон , но и Белата куќа кога во неа живеше семејството Кенеди, а сега нивната колекција, во многу достапна верзија, ја виде светлината на денот, благодарение на соработката со брендот за мебел The Inside.
„Scalamandre е синоним за убав, high-end дизајн кој веднаш асоцира на беспрекорниот стил на Џеки Кенеди и златната ера на американскиот декор“, вели ко-основач на The Inside, Christiane Lemieux по повод пласирањето на колекцијата која со сигурност ќе ги воодушеви сите оние кои сакаат светли бои и разиграни дезени во нивните ентериери.
Всушност, станува збор за дезени од богатата архива на брендот Scalamandre кој во соработка со брендот The Inside, доби шанса да блесне во поинакво издание и, поради прифатливите цени, се всели во поголем број на домови.
Принт на зебра, леопард или романтични цветни мотиви се најдоа на фотелји, кревети, перници, табуретки и други парчиња мебел, а во вибрантна-црвена или жолта боја ќе изгледаат одлично во секој дом, кој негува еклектичен стил полн со впечатливи дезени, впечатливи бои и необични детали.
Колекцијата е достапна на официјалната страна на брендот The Inside.