Експертите предупредуваат.
Да се биде „ноќна птица“ може да биде доста незгодно доколку треба да станете да одите на работа откако сте биле будни цела ноќ.
Покрај тоа што да се биде буден цела ноќта очигледно влијае на нашиот внатрешен ритам – има големо влијание врз нашето ментално здравје.
Според една нова студија објавена во Nature Communications, луѓето кои природно стануваат рано, поретко ќе имаат проблеми со менталното здравје од оние кои подоцна одат во кревет и помалку спијат.
Резултатите од истражувањето покажуваат очигледна причинско-последична врска помеѓу ноќните птици и тенденцијата за депресија, анксиозност и шизофренија – помеѓу вечерните типови на луѓе, 10% поголема е веројатноста да се развие ментален проблем.
„Експериментирајте со вашата продуктивност и брзина на перформанси и приспособете го вашиот временски распоред кон тоа“, вели психологот за сон, Hope Bastine за Cosmopolitan UK. „Пронајдете го ритамот, распоредот и начинот на живеење што навистина ви одговара за да се чувствувате комфорно со самите себе.”