← НАЗАД НА БОЗА

Зошто невестите го фрлаат бидермаерот на венчавката?

Зошто невестите го фрлаат бидермаерот на венчавката?
135 Читања

За време на сезоната на венчавки, секоја венчавка е проследена со некои обичаи и ритуали.

Бидермаер на венчавката

Еден од задолжителните ритуали е оној кога невестата го фрла бидермаерот преку рамото при церемонијата на склучување на бракот.

Се верува дека девојката која ќе го фати букетот ќе биде среќна во љубовта и набрзо ќе се омажи.

Корените на овој обичај потекнува од далечното минато кога се сметало дека невестата носи среќа, во што се верува и ден денес, но не во толку голем размер.

Венчаница

Во средновековна Англија, венчаниците не биле толку скапи како што се денес и се сметало дека венчаницата им носи среќа на немажените девојки, па немажените гостинки буквално би ја искубале невестата, односно нејзниниот фустан, за и тие да се венчаат наскоро.

Важноста на подвезицата на венчавката

Со цел невестите  да ги избегнат допирите на гостите и кинењето на фустанот, тие фрлале подвезици.

Меѓутоа, подоцна подвезиците се заменети со букети од цвеќиња. Симболиката е убава, бидејќи цвеќето ја означува плодноста во скоро сите култури.

Благодарение на овој умен трик навиката за допирање на невестата и нејзиниот фустан исчезнала.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk