Денови во Хавана(барем според модниот избор).
На некои од нас се уште во ушите им одекнува песната на Камила Кабело кога ќе го слушнат зборот Хавана, но ние сме сигурни дека кога ќе ја видите новата колекција на Лорет Гудељ, дизајнерката на брендот Loré, ќе ви остане во меморија само нејзината нова колекција „Хавана“, инспирирана од улиците и архитектурата на главниот град на Куба, изградена во 16-ти век, El Capitali, на Gran teatro de La Habana и кубанската салса култура.
Во согласност со инспиративните бои, дизајнерката ја отвори Модната Недела во Љубљана со колекција која зрачеше нијанси на розова, праска, тиркизна и вибрантно зелена, жолта, сина и лимета која ја искомбинира со цветни и карирани дезени, карактеристика на шпанската земја.
Колекцијата е во целост изведена од најквалитетен лен, вискоза и свила, како и рачни везови со цветни мотиви во пастелни нијанси и тантела со кубанскиот украс направени на дел од материјалот.
За облеката на Loré секогаш се користени природни материјали, без додавање на синтетички влакна, со акцент на рачно производство и вклучуваат фустани, панталони, комбинезони, блузи, кошули и топови во различни кроеви.
Колекцијата е надополнета со моделите на сандали UPcollection од Mass – Хрватска во бои кои одговараат на облеката.