Убавина

Зошто треба да додадеме ананас во нашата beauty рутина?

Нова go-to beauty состојка.

Подготвени сме за најновиот додаток кој може да се најде меѓу состојките на производите за нега на лицето.

Да, зборуваме за ананасот.

Со бренд имињата како што се Marc Jacobs, Too Faced и Glow Recipe, кои ги лансираат производите за нега на кожата на основа на ананас ова лето, ние официјално го нарекуваме нова компонента која ќе ја задоволи нашата кожа.

Зошто е ананасот добар за кожата?

Ананасот е богат со витамини Ц & E, што ви се потребни за да ја освежите вашата кожа кога ви се чини дека нема живот во неа.

Познато е дека ја осветлува и го изеначува тенот на кожата, додека антиоксидантите го спречуваат оштетувањето на кожата од загадувањето во текот на денот.

Тој е важна состојка бидејќи покрај се служи и како благ пилинг. Ензимите кои се наоѓаат во ананасот можат да ги ублажат мртвите клетки на кожата и да ја намалат појавата на мозолчиња, што значи дека е идеален за секој кој се бори со упорни неправилности.

Зборувајќи за мозолчињата, ананасот е исто така природен анти-воспалителен агенс, па кога се појавуваваат на несаканите места, ова овошје ќе помогне да се намали црвенилото и отокот.

Во основа, ананасот е одговор на сите наши проблеми во однос на негата на кожата.

Напиши коментар