Motherhood

ЗОШТО ВИ Е ДЕТЕТО НЕСРЕЌНО: експертот за интелигенција д-р Рајовиќ го советува СЛЕДНОВО!

Она што можат да го сторат родителите, но и во што грешат кога станува збор за детската досада, вели д-р Ранко Рајовиќ автор на NTC програмата за учење која го поттикнува интелектуалниот потенцијал на децата и се развива брзината на размислување и заклучување – т.н. функционално знаење.

Досадата е еден вид на стрес и една незгодна состојба. Кога им е здодевно, и возрасните и децата се обидуваат да се справат со ова чувство односно да најдат некој интерес.

Но, проблемот со здодевноста кај децата во денешно време порасна во загрижувачки размери затоа што децата се борат да си најдат хоби, кое не е поврзано со компјутер, видео игри или мобилен телефон.

За тоа што можат да сторат родителите, но, исто така, она во што грешат кога станува збор за детската досада, зборува  д-р Ранко Рајовиќ автор на NTC програмата за учење која го поттикнува интелектуалниот потенцијал на децата и ја развива брзината на размислување и заклучување – т.н. функционално знаење.

„Денешните родители кои пред 30 години беа деца, сигурно се сеќаваат дека во тоа време во куќата постоеше еден телевизор со една или две програми и кога им беше здодевно излегуваа да бараат друштво за играње. Неим беше проблем да одат пешки или со велосипед четири, пет, шест километри до игралиштето каде што ќе играат еден час, час и половина и ќе се вратат дома.“

Напиши коментар