Убавина

10 хајлајтери што ќе го истакнат најдоброто од вашето лице

Дел од козметичката торбичка кој е особено популарен последниве години е хајлајтерот.

Овој сјаен дел од рутината за шминка е дизајниран да ја направи кожата проѕирна и да го освежи нејзиниот целосен изглед.

Се работи за производот кој рефлектира светлина, а достапен е во форма на прав, течност или стик.

Паметно поставениот хајлајтер ќе направи чуда за вашиот изглед – тој ќе го подобри вашиот тен, ќе и даде на вашата кожа сјај и ќе ги потенцира образите.

Плус, ќе ја разбуди уморната кожа и ќе ги истакне вашите омилени карактеристики на лицето на суптилен, природен начин.

Хајлајтерот може да се користи на бројни начини. Ако вашиот е во течна форма, можете да измешате неколку капки со хидратантна крема и да го нанесете целото лице.

Се разбира, можете да го примените, како и обично, во областите што сакате да ги осветлите.

Започнете со внатрешните агли на очите за да ги отворите, а потоа префрлете се под лакот на веѓите за дополнително да ги потенцирате.

Истакнете ги вашите јаболчници , а нанесувањето врз лакот на Купидон (над средината на горната усна) ќе создаде илузија на поголеми усни.

Кога купувате хајлајтер, изберете го оној што одговара на вашиот тон на кожата, а во нашата галерија можете да погледнете што се нуди низ продавниците.

Напиши коментар