Поимот балкон и лоѓија честопати се меша, но има јасна структурна разлика помеѓу двете простории.
Балконот е платформа што е испакната од надворешниот ѕид на зградата и го надминува нивото на фасадата.
Едноставно кажано, балконот е оградена плоча изработена од армиран бетон што „стрчи“ од ѕидот.
Од друга страна, лоѓијата не го надминува надворешниот ѕид на зградата, е внатре во неа и во повеќето случаи се потпира на три sида, што ја прави значително побезбедна.
Може да биде отворена или затворена. Кога станува збор за големите вили и резиденции, во повеќето случаи лоѓиите се отворени и најчесто се наоѓаат на приземјето.
Тие го содржат целиот мебел што обезбедува удобност при дружење, а за разлика од балконите, големите лоѓии често наоѓаат простор за класичен мебел за внатрешност, што обично го наоѓаме во дневните простории, како каучи.
Дефинитивно мора да има и една лоѓија во соништата за недвижнини, а ние собравме 10 од нив во галеријата каде би сакале да уживаме во добро друштво.