Мода

10 модели чизми до глуждот кои го сакаат потоплото време

Чизмите со отворени прсти се носат и оваа година.

Чизмите до глуждот се едни од омилените модели на женски чевли ширум светот.

Ако изберете модел со отворени прсти и/ или потпетици – можете да ги носите во потоплиот дел од годината.

Таканаречените пролетни модели на чизми до глуждот се совршени за комбинација во дневни и вечерни прилики – тие убаво ќе изгледаат со добар фустан или здолниште, и ќе направат едно обично издание составено од обични фармерки и маица да изгледа феноменално.

Овие модели обично доаѓаат со класична или блок-потпетица што ја издолжува целата фигура и ги прави нозете повеќе во форма на вретено.

Покрај тоа, тие го откриваат маникирот на нозете, па токму затоа се сметаат за секси парче обувки.

Можете да изберете помеѓу модели со различни бои, иако најпопуларни се оние во црни или пудрести тонови на кожата.

Погледнавме во продавниците и во популарните веб-продавници и најдовме 10 модели на пролетни чизми до глуждот.

Напиши коментар