Sweet Home

10 модели на лежалки креирани за уживање на сонцето на балконите и терасите

Лежалката е одличен додаток на балкон или тераса.

Пролетта е во полн ек, летото е пред вратата, а нашите балкони, тераси и градини никогаш не биле поважни. Таму ги пиеме своите први утрински кафиња, го впиваме сонцето, читаме книги или само уживаме во свежиот воздух.

Во секој случај, сите сакаме тоа парче од рајот да изгледа што е можно поубаво, а парче мебел што го воздигнува уживањето на балконите и терасите на едно повисоко ниво, дефинитивно се лежалките.

Добро е што лежалката често може да се стави и на помал балкон, особено ако имате од оние на склопување.

Во нашата галерија ја издвоивме понудата на лежалки во продавниците, со кои ќе уживате уште повеќе во сите оние ритуали на отворено што ги обожаваме во топлите месеци.

Напиши коментар