Мода

12 женствени модели на чевли со најудобни потпетици

И оваа пролет ќе се носат чевли со отворена пета.

Тоа се неодоливи модели со потпетица од неколку сантиметри, во кои не е тешко да останете на нозе долго време, а кои на секоја комбинација и даваат доза на шарм и елеганција.

Најпопуларни и најпрактични се моделите со блок потпетици, кои обезбедуваат голема удобност при движење.

Жените ги сакаат овие чевли затоа што можат да ги носат со скоро секое парче облека – фармерки, класични панталони, фустани, здолништа, комбинезони …

Малку романтични, овие модели ќе ги трансформираат сите класични комбинации на облека во женствени изданија.

Погледнете ја галеријата со 12 модели во различни бои што ги најдовме за вас.

Write A Comment