За деновите кога ќе можеме повторно да го прошетаме градот и да ги правиме сите вообичаени работи, издвоивме полесни модели на пантолони кои пристигнаа во онлајн продавниците.
Со посебно задоволство ќе излеземе на првата слободна прошетка во градот кога ќе биде дозволено.
Олабавување на мерките беше најавено, но сепак треба да бидеме претпазливи и одговорни и да го напуштиме домот само кога е потребно и да не се собираме во поголеми групи.
Но, тоа не значи дека не можеме да фантазираме како ќе се облечеме за таа прва вистинска прошетка низ градот и да пиеме кафе кога ситуацијата ќе дозволи.
Ако вашиот избор се полесни панталони кои секогаш изгледаат шик и добро, не заборавајте да кликнете на нашата фото галерија, во која избравме 15 модели на пролетни панталони со кои дефинитивно нема да погрешите.
Носете ги со патики, балетанки, сандали, високи потпетици – и не заборавајте да ја облечете најшироката насмевка и да уживате во секој момент.