Најлесен и најевтин начин за брзо освежување на изгледот и фризурата е да изберете нов детаљ за коса.
Тековната сезона нуди големи можности во овој поглед, затоа што некои детали се во тренд, а вие веќе ги имате некаде во заборавените несесери.
Воедно, стилистите предлагаат да користиме накит за украсување на косата. Затоа, не жалете ги старите бисерни ѓердани, разнижете ги и украсете ја вашата фризура.
Ви претставуваме три опции.
1. ДЕКОРАТИВЕН СТЕГАЧ
Првата опција е декоративен стегач – ластик обложен со ткаенина со контрастна боја. Ако сте русокоса, слободно изберете го црниот стегач и тоа со што е можно поширока и подолга ткаенина.
2. НАКИТ ЗА КОЊСКА ОПАШКА
Коњската опашка е крајно модерна. Украсете ја со низа од циркони или бисери.
3. ПЕРЛИ ЗА КОСА
Перлите се преселија од џемперите и блузите на косата. Тие се особено популарни на бохо пунџите.