Повеќето жени немаат храброст да експериментираат, барем кога станува збор за нивната коса. Сепак, постојат фризури кои се наменети за оние жени кои се похрабри, кои совршено се вклопуваат. Од друга страна, кога ќе одлучите да направите промена, не само што драматично го менува вашиот изглед, туку и ќе откриете и една сосема нова димензија на вашата личност, што ќе направи да се чувствувате подобро во вашата кожа и да зрачите со дополнителна самодоверба.
Експертите велат дека овие 3 фризури одговараат на секоја форма на лице и дека се идеален избор за драстична промена со која не можете да погрешите.
Локни со волумен
Локните со природната сенка создаваат нов облик на лицето и се идеални за романтичен изглед на косата што одговара на секоја жена. Доколку сакате визуелно да го издолжите лицето, одлучете се на подолги, малку опуштени локни, додека спротивниот ефект ќе се постигне со помали локни кои ќе ви ја кренат косата до должина на рамото. Покрај тоа што можете да правите различни видови на локни, ова е идеална фризура за зима затоа што и дава волумен на косата, што е нешто што секој од нас го посакува во текот на зимата.