Cafe Del Mar

3 работи што треба да се направат ова лето: носат исцелување, радост и општо добро

Заздравување со природата

Студијата направена во 2009 година од страна на психологот Нета Вајнштин од Универзитетот во Рочестер, покажа дека само гледањето фотографии од природа предизвикува чувство на заедништво и поврзаност меѓу луѓето.

Имено, Нета и нејзиниот тим им покажаа на две различни групи испитаници, различни фотографии – на едната група фотографии од градовите, а на другата фотографии од природа, а потоа ги праша за нивните животни цели.

Истражувањето покажало дека група испитаници на кои им биле прикажане фотографии од пејзажи имаат помалку себични и искористувачки цели и идеи.

Моменти посветени на планетата

Бројни сигнали, како што е глобалното затоплување, топлотните бранови, недостигот на вода, поплавите, уништувањето на шумите и други природни катастрофи, испраќаат сериозна порака до човечкиот вид дека треба да се заштити дивиот свет и загрозените растенија, како и почвата која се повеќе се загадува.

Со цел да се подигне свеста за животната средина и да се зачува биолошката разновидност, постои и веб-страницата на организацијата Волонтерски свет (Volunteer World), која ги поканува сите заинтересирани луѓе од целиот свет да поминат време на најинтересните дестинации (Бахами, Непал, Нов Зеланд, Куба …) и да се занимаваат со органско садење, нуркање за научни цели, чистење на плажите од ѓубре, итн.

Сите заинтересирани можат да волонтираат, а повеќе детали може да се најдат на www.volunteerworld.com

Помогнете им на пчелите

Долго време е познато дека пчелите се загрозени и дека голем број видови изумираат. Намалувањето на различноста на пчелите и нивниот број би имало исклучително негативно влијание врз функционирањето на природниот свет околу нас.

Ако ги сакате и сакате да ги зачувате овие убави и фасцинантни суштества од истребување, еден начин да го направите тоа е преку бесплатна апликација, која можете да ја преземете од веб-страницата „Пријатели на Земјата“ (www.friendsoftheearth.uk).

Оваа апликација содржи упатство за идентификување на пчелите, обезбедува инспирација за садење растенија што одговараат на пчелите, но и едноставни и корисни совети за тоа како да се прилагодат живеалиштата за пчелите што опрашуваат.

Напиши коментар