3Д часовниците за кратко време стигнаа на првото место по функционалност. Секоја просторија во која ќе се постави часовникот станува помодерна, поелегантна и не остава никого рамнодушен. Ова се некои од најбараните модели
Ова е модел за љубителите на класичните модели. Залепен е за ѕид и благодарение на 3Д ефектот делува како да лебди во воздух. Неговиот размер е 1×1 метар, материјалот од кој се изработени броевите е ева пена, од предната страна е пластика- акрил, а покрај 3Д ефектот имаат и ефект на огледало.
Следниот модел има многу интересен дизајн. Мешавината на броеви со различни димензии и зборови го прават овој часовник вистински избор за сите кои сакаат просторот да им биде поразличен. Размерот му е 1×1, а дебелината на бројките 1,1 см, самолепливи се и можат да се лепат на секаква подлога.
Ѕидниот 3Д часовник со рамки за фотографии е нешто што дефинитивно не се гледа во секој дом. И дава на просторијата посебен изглед и мами воодушевување кај сите. Централниот дел со стрелките е од алуминиум со сребрена боја. Должината на стрелката за минути е 35 цм.
Наредниот модел е со римски броеви во висок сјај. Му дава посебна нота на елеганција на просторот и го прави поинтересен.