Секоја жена сака кога косата е здрава, бујна и, пред сè, послушна, што ретко се случува во зимскиот период. Непослушната коса е зафатена со ветер и зголемената влажност, а особено е иритирачки што сè уште не сте пронашле фризура што убаво ќе ви одговара кога ќе ставите капа.
Иако капата во зима е неопходен моден додаток, таа и не е баш најдобрата пријателка на нашата убава фризура. Сепак, не смееме да го жртвуваме здравјето заради убавината, така што изборот на вистинската фризура е единственото нешто што ни преостанува.
Ниска пунџа
Пунџата е првиот избор кога имаме bad hair day. Оваа фризура е многу практична и ја држува вашата коса на место во текот на целиот ден. Покрај тоа, го отвора лицето и ни дава доза на одмор. Ова е идеална фризура која може да ја носите под вашата капа, што ќе и даде на вашата облека одредена доза на луксуз и шик.
Брановидна коса
Бидејки под капата вашата коса може да се извитка, најдобро е да ја извиткате со лесни брановидни локни. Благи романтични локни совршено ќе се вклопат под вашата беретка. Со ваков вид фризура, веднаш ќе се почувствувате како француска жена со стил.
Опуштени локни
Во зима ја избираме фризурата која барем визуелно ќе го врати волуменот на нашата коса. Малку опуштените локни ќе ја направат вашата коса да изгледа бујна, а оваа женствена фризура е идеална за капи кои гарантираат casual hoodie look.
Ниско messy репче
Ниско messy репче е идеална фризура под популарните капчиња. Оваа комбинација ви гарантира шик изглед, а идеално ќе го сокрие вашиот bad hair day.