Cafe Del Mar

4 волшебни вкусови: дали сте пробале кафе од печурки или кандирани ливчиња од роза?

Вкусите се бесконечни, а наша задача е да ги откриваме одново и одново. Овие 4 вкусови ќе ги разбудат сите ваши сетила.

Дали сакате чаша кафе со печурки?

Нов тренд што станува се повеќе распространет во многу земји е кафето од печурки. Оваа необична комбинација, која станува се повеќе популарна во светските кафулиња, дава многу здравствени придобивки.

Како прво, вкусот е многу сличен на класичното кафе, иако има помал процент на кофеин и киселост, а е подготвен од зрна кафе, кои содржи одредени видови на лековити печурки, како што е реиши.

Само некои од придобивките од овој нов пијалок се благотворното влијание врз имунитетниот систем заради изобилството на антиоксиданти од печурки, го намалуваат холестеролот, а исто така е забележано и стимулирање на процесот на слабеење.

Кандирани ливчиња од роза

Изненадете ги вашите гости со уникатен десерт – кандирани ливчиња од роза. Цвеќињата што се јадат имаат освоено многу ресторани и кујни, а сега е вистинската можност да ги пробате овие слатки.

Земете цели, неоштетени ливчиња од богато процветана роза. Претходно изматете една лажица вода и една лажица белка од јајце. Користејќи четка, премачкајте ги ливчиња со оваа смеса и посипете ги со кристален шеќер. Ставете ги на хартија за печење и оставете ги да се исушат следните 24 часа.

Лечи и лади

Ако изгорите на сонце, разладувачката маска за изгореници ќе го забрза процесот на регенерација. Сè што ви треба е една излупена краставица, четвртина чаша гел од алое и едно изгмечено авокадо. Направете паста од состојките и изладете ја 15 минути во фрижидер, а потоа нанесете ја на подрачјето каде што имате изгореници од сончање. Одморете половина час со маската, а потоа исплакнете ја.

Мирисливо растение

„Кој јаде ким, никогаш нема да добие мозочен удар“. – вели изрека од народната медицина. Кимот не само што го подобрува варењето, работата на цревата и ги намалува гасовите, туку помага и во лекувањето на астмата, ги намалува срцевите отчукувања и ја стимулира работата на стомакот.

Сепак, бидете внимателни ако имате птица како домашно милениче, или сакате да храните диви птици. Само едно семе од ким може да биде смртоносно за нив.

Напиши коментар