Cafe Del Mar

Ако некој ве манипулира, направете ги овие 3 работи: еве како да се заштитите од манипулаторот!

Манипулацијата е нездрава емоционално-психолошка стратегија што ја користат луѓето кои сакаат да ги контролираат емоциите, чувствата и однесувањето на другите луѓе, пишува Lovesensa. Постојат многу различни форми на манипулација, од манипулација во бизнисот до манипулативно однесување во љубовта.Секоја врска базирана на манипулација е токсична врска што негативно влијае на менталното здравје на лицето кое е жртва на манипулаторот.Начинот на кој реагирате на манипулацијата во голема мерка зависи од видот на манипулацијата со која се соочувате.

Ако забележите дека некој манипулира, експертите сугерираат да ги преземете следниве чекори:

1. Не апсорбирајте ја манипулацијата

Обидете се да направите енергетски штит штонема да дозволи вашата аура да се извалка, да се наруши енергијата и да се повредат чувствата.

2. Поставете јасни граници

Бидете подготвени да му покажете на манипулаторот дека сте свесни за неговиот обид да ве манипулира. Кога некој претерува во манипулацијата и ќе почнете да се чувствувате лошо, важно е во таков однос јасно да поставите граници и да покажете дека не сакате да бидете учесник во манипулативната игра.

3. Одложете го одговорот

Ако забележите знаци на манипулација во важна животна ситуација, важно е да се одложи реакцијата. На пример, ако треба да склучите важен договор, купите нешто или преземете важен чекор во емотивна врска. Одложете го одговорот сè додека не размислите внимателно и проверете дали не сте под лупа на манипулаторот.Манипулацијата може да биде и форма на насилство. Во такви ситуации, жртвите треба да побараат стручна помош или соодветни услуги.

Напиши коментар