Појавата на некои од овие симптоми може да биде јасен знак дека вашето тело веќе се справило со овој лош вирус.
Корона вирусот можете, барем како што тврдат експертите во последните денови, да го поминете на нозе.
Експертите велат дека постои можност некои луѓе веќе да го прележале вирусот корона пред официјално да започне пандемијата.
Доколку сте имале поблага верзија на овие симптоми, тогаш веројатно сами успешно сте се избориле со овој вирус, пишува „Дејли мејл“.
Студијата спроведена на универзитетот Оксфорд открила дека има осум јасни знаци кои укажуваат на тоа:
Новите истражувања покажаа дека инфекција на очите, како што е конјунктивитис, може да биде симптом на Ковид-19.
„Познато е дека секоја инфекција на горниот респираторен тракт може да резултира во вирусен конјунктивитис како секундарна компликација, што исто така е случај и со Ковид-19“, велат истражувачите.
Сепак, додаваат дека заразеното лице веројатно нема да има конјунктивитис како единствен симптом, но најверојатно ќе биде проследен со треска, сува кашлица или друг симптом.
СУВА КАШЛИЦА
Еден од најчестите и најпрепознатливи симптоми на корона вирусот е сува кашлица.
МЕНТАЛЕН УМОР
Иако тоа не е официјално признаено како симптом на вирусот корона, некои заразени пациенти го пријавиле како симптом.
ТЕМПЕРАТУРА
Покрај сувата кашлица, ова е исто така најчестата индикација за корона вирус.
ПОТЕШКОТИИ СО ДИШЕЊЕТО
Чувството на притисок на градите и неможноста да земете длабок здив исто така се јавуваат како симптоми.
ГУБЕЊЕ НА ЧУВСТВО ЗА СЛУХ И МИРИС
Неодамна, британското здружение за оториноларингологија предупреди дека губењето на чувството за мирис и вкус може да биде симптом на Ковид -19.
ПРОБЛЕМИ СО СТОМАКОТ
Се покажа дека од 204 заразени пациенти кои учествувале во студијата, 48,5 проценти пријавиле дијареја како симптом.
ФИЗИЧКИ УМОР
Уште еден симптом на Ковид -19, кој исто така се јавува како резултат на обична настинка, грип и многу други вируси, е чувство на замор и исцрпеност.
Здравиот организам со силен имунитет е во состојба сам да се избори со поблагата форма на овој вирус, па дури и да не забележите дека сте го имале.
Сепак, најдобро е да се придржувате до сите мерки на заштита и самоизолација во секој случај.