Мода

Александар Меквин ве повикува да бидете креативни во изолација

Интересен проект од британска модна куќа.

Недели поминаа откако сте во изолација, си го исчистивте секој агол од станот, ги прочитавте сите книги и немате идеја што да правите, па така деновите ги поминувате читајќи ги вестите што ве полудуваат?

Британската модна куќа Александар Меквин започна нова иницијатива наречена „Меквин креатори“ за да ги обедини своите следбеници во креативноста и да ги натера да издржат уште малку и да останат дома.

Поентата на иницијативата „Меквин Креатори“ е да ги охрабри следбениците на Александар Меквин (и оние што ќе станат) да се вклучат во нов уметнички предизвик секоја недела и да се придржуваат кон изолацијата.

Фотографиите од избрани креации од страна на британската модна куќа ќе послужат како урнек, а оваа недела задача е да скицираме еден од прекрасните фустани инспирирани од есен-зима 2019 година со црвена роза.

Одберете една од понудените фотографии, симнете ја на вашиот телефон и започнете со цртање, а кога ќе завршите, објавете ја сликата на вашиот Инстаграм профил со ознаката @AlexanderMcQueen и хаштагот #McQueenCreators.

Имате време за својата прва задача до 6-ти април, а скиците што ќе го привлечат вниманието на менаџерите на профилот на Александар Меквин, ќе бидат објавени на нивниот feed.

Кој знае, можеби вашата скица ќе му се допадне и на вашиот омилен бренд.

Кога порано сте имале ваква шанса?

Напиши коментар