Патниците кои продолжуваат да летаат за време на пандемијата на вирусот корона се тестираат на аеродромот, еве како!
„Емирати“ соопшти дека се први на светот што ги тестираат патниците за корона вирус пред да се качат во авионот.
Патниците, како што пренесува Си-Ен-Ен, се прегледуваат преку тестови на крвта на аеродромот, а резултатите се добиваат за десет минути. Но, според американските медиуми, во оваа приказна немадостасуваат некоилку многу важни детали.
Прво, тестовите на крвта не покажуваат присуство на самиот вирус, туку антителата што нашето тело ги создава за да одговори на вирусот. Во раните фази на инфекција, можно е антитела сè уште да нема доволно во крвта за тестот да го открие вирусот.
„Емирати“ исто така соопшти дека ги изврши првите тестови врз патниците за Тунис во средата попладне, но не открива дали имало позитивни и што се случило во тој случај, без разлика дали биле вратени дома или нешто друго.
Етихад Ервејс неодамна објави дека ќе испроба нови киосци за самопослужување на аеродромот во Абу Даби, каде патниците ќе можат да ги тестираат сопствените симптоми како што се температурата, отчукувањата на срцето и дишењето.